ЗА НАС

ДПТУ Херба Стојанови ДООЕЛ од Куманово е семејна фирма
на семејството Стојанови, кое веќе три децении се занимава со
производство и преработка на лековити растенија.
Фирмата која како основна дејност има производство на
лековити, ароматични и растенија за употреба во фармацијата, на
површина од 5 хектари во селото Старо Нагоричане произведува
и плантажира 50-тина видови на лековити растенија и откупува
голем број диворастечки билки. Концептот на работа е од
производство на сировина до завршен производ. Еколошки
произведените билки се сушат по природен пат во сопствените
сушари во с. Старо Нагоричане по што заедно со
диворастечките лековити растенија се преработуваат и пакуваат
во најсовремено опремен производен погон во населбата
Карпош во Куманово. Асортиманот на производство опфаќа
преку 100 вида на мешани и монокомпонентни чаеви, билни
капки и тинктури, сирупи со мед. Во одделението за Билна
козметика се произведуваат билни лосиони, гелови, мелеми,
креми и масла. Практикувањето на традиционалното билкарство
и следењето на современите трендови во фитотерпијата е
базниот концепт, кој го надградуваме со квалитет, проверени
рецептури и пристојни цени. Нашата определба да бидеме мали
производители на голем асортиман на квалитетни производи, да
ги популаризираме лековитите растенија преку 15-ина издадени
прирачници и книги за билките го сфативме како своја лична и
семејна мисија. Љубовта, ентузијазмот и посветеноста на
природата и билките и натаму останува наша лична и
професионална определба. Нашите потрошувачи го препознаваат
тоа а ние секогаш ќе се трудиме да ја оправдаме и задржиме
нивната доверба.